Ништо ново кога станува збор за фановите на Партизан и Ц. Звезда. Тие и денеска се испотепаа среде Белград во населбата Автокоманда. И двете екипи попладнево ги играа свои полуфинални мечеви во Купот на Србија, и двете победија, но фановите си ги одмерија силите на “терен“. Медиумите од Белград известуваат дека било хаотично на улиците во таа белградска населба, а до инцидентот дошло кога “Делиите“ ги нападнале “Гробарите“. Следувала жестока тепачка а имале и неколку лица со потешки повреди кои биле пренесени во болница.