Каков меч, какво финале во Купот на Италија меѓу Интер и Јуве? Со еден збор ФАНТАСТИЧНО. И во ова финале победник беше Интер и тоа со 4:2 и тоа по продолженија.
Инаку ова е прва победа во едно финале во Купот на Италија над Јувентус со што пехарот отпатува во Милано и тоа по осмипат во својата клупска историја.
Мечот започна со прекрасниот гол на Барела во 7.минута за водство на “неро-аѕурите“. Јуве во тој дел наметна иницијатива, имаше и неколку шанси, но Хандановиќ успеваше да ги одбрани сите удари. Па така на пауза се замина со предност на тимот од Милано.
Но Јуве направи пресврт и тоа во негов стил. За само две минути од 0:1 дојде до 2:1 и тоа со головите на Сандро во 50.и Влаховиќ во 52.минута. И кога се чинеше дека пехарот ќе замине во Торино, Чалханоглу од пенал во 80.минута израмнува на 2:2.
Па така се замина во продолжение, а таму во тоа прво продолжение Интер “царуваше“, поточно Перишиќ. Хрватот прво од пенал во 98 минута постигна гол за 3:2, а во 102 минута со фантастичен гол успеа да ја „скине“ мрежата на Перин за 4:2. Во финишот на првото продолжение тренерот на Јуве “зовре“Алегри, па така мораше да добие исклучување.
Во второто продолжение Интер ја смири играта, ги контролираше настаните на теренот, а Јуве едноставно немаше сила да ја стигне негативата.
Тимот од Торино за првпат во последните десет години остана без трофеј во една сезона.