Се чини заврши сагата околу Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен и еден од најдобрите фудбалери во моментов. Како што јавува “Билд“ вечерва, Полјакот го известил Баерн дека донел конечна одлука за неговата кариера. А таа е дека тој има намера во јуни да се пресели во Барселона, и дека сега останува само двата клуба да се договорат околу отштетата, ако се знае на Лева договорот со “баварците“ му истекува наредното лето.
Ова значи дека Барса и Чави ќе добијат мега – засилување во нападот.