Давид Дејвис: Не е важен противникот во финалето, важно е да го освоиме Куп трофејот!

162

Вардар утре го игра полуфиналниот меч од Купот на Македонија против Еурофарм Пелистер 2. Средбата се игра во Кавадарци во 17 часот. Тренерот Давид Дејвис вели дека сака да игра во финалето, не е важно против кого, а потоа ќе мисли за противникот.

„Имаме ист притисок како и во натпреварите во лигата. Вардар секогаш победувал и играл на победа. Ние го сакаме и трофејот од Kупот, подготвени сме. Одбрана секој ден играме добро, и тренираме напорно. Купот е друго натпреварување, нема поправен. Има само еден натпревар и треба да се биде максимално спремен, вели Давид Дејвис.

Вториот тим од Битола веќе е добро познат противник, шпанскиот стратег верува во силите на своите момци, но предупредува дека ова е еден меч и не треба да се потцени никого, мора триумфот да се заслужи.

„Имавме цела недела за тренирање. Игравме веќе со Еурофарм Пелистер 2, но добро е што можеме и да продолжиме да тренираме пред овие натпревари и да подобриме нешто во играта. Играње на неутрален терен секако е поразлично. Не секогаш во Купот победува тој што е фаворит. Затоа и треба да се биде внимателен, концентриран. Сакам да играме финале во недела, не е важно против кого ќе играме“, изјави Давид Дејвис.

Вардар има 14 Куп титули досега освоени, вклучувајќи ја и ланската.

ПретходноНоле “експрес“: Ѓоковиќ го “збриша“ Вавринка во Рим!
СледноЈетон Беќири го врати тимот на Билис во елитата на Албанија!