Френки Де Јонг многу веројатно ќе биде првото засилување за тимот на Манчестер Јунајтед во ерата на Ерик Тен Хаг. Новиот менаџер на Јунајтед секако дека ќе сака да доведе засилувања по свои вкус, а прв пик е во моментов играчот на Барселона, со кого имаше одлична соработка додека обајцата беа дел од Ајакс.
Де Јонг не е она што требаше да биде на Ноу Камп, а платен е сериозно, па Барселона сега сака да врати нешто од таа сума во неговиот трансфер на Олд Трафорд, кој според медиумите во Шпанија ќе биде вреден околу 80 милиони.
Де Јонг во Барса заработува 11 милиони по сезона, а на Ноу Камп веќе ја доведоа и замената за него од Валенсија, во името на Карлос Солер.