Легендата на италијански Јувентус, Џорџо Киелини го најави своето заминување од Јувентус.
„Последните 10 години беа одлични, а сега момците треба да го продолжат она што го започнаа. Направив се што можев и се надевам дека ќе оставам нешто зад себе. Во понеделник ќе се збогувам со мојот стадион, а потоа, ако имам уште сили, ќе можам последен пат да настапам во Фиренца. Ова е сто проценти мој избор, драго ми е што си заминувам, на толку високо ниво. Долги години кажувам дека не сакам да завршам кога веќе нема да можам да играм на исто ниво. Дадов се од себе и наскоро ќе бидам најпосветениот навивач на Јувентус. По толку години во клубот, не можете туку така да се ослободите од чувствата“, изјави Киелини.