Завршницата во националниот куп во ракомет ќе се игра следниот викенд во Кавадарци, каде што организатор е домаќинот Тиквеш. Од таму денеска објавија дека од утре, петок, се стартува со продажба на билетите за турнирот и истите се по цена од 150 денари.
“Од утре (петок), од 12:00 часот на билетарницата во „.Јасмин“, Кавадарци ќе бидат пуштени дневните влезници за сите натпревари. Дневната влезница е по цена од 150 денари. Се надеваме на успешен ракометен Куп на Македонија, одигран со спортски дух и убава атмосфера. Нека победат подобрите“, соопштија од Тиквеш.