Кјелце го освои Монпеље, има плус три по првата 1/4 финална пресметка

52

Првата пресметка во четвртфиналето меѓу Монпеље и Кјелце заврши во корист на полскиот тим кој славеше со . Избраниците на Талант Душебаев завршија добра работа, реванш мечот го играа пред своите фанови, доволен мотив за место на фајнл-фор завршницата во Келн.

По 4-4 на стартот на мечот, гостинските ракометари со серија од 3-0 поведоа со 4-7, најголемата предност во овој дел беше плус четири (12-16), резултат со кој заминаа на одморот. Во продолжение Кјелце одржуваше водство од два до три гола, Монпеље успеа неколку пати да дојде до минус еден.

Карачиќ во 53 минута не успеа да донесе плус четири, на другата страна Порт доближи на 24-26. Пред почетокот на 55. минута, Талант одлучи да игра со „седум на шест“ за да дојде до посакуваната предност од четири гола, но не успеа веднаш. Тоа се случи нешто подоцна, по неуспешниот цепелин, Морито со петтиот погодок зголеми на 26-30.

Деска со гол пред крајот на мечот успеа да се избори за негатива од три гола (28-31).

Алекс Душебаев постигна седум гола од осум обиди, Каралек запиша пет, на другата страна Деска беше стрелец на пет погодоци.

ПретходноФИБА го одзема домаќинството на Босна, кадетките ќе играат во Црна Гора
СледноТотенхем го “преслуша“ Арсенал, пак тој тандем Кејн – Сон! (ВИДЕО)