Манасков со гол го круниса кам-бекот на терените (ВИДЕО)

203

Дејан Манасков по долго време се врати во составот на Веспрем. Македонскиот репрезентативец поради тешка повреда на лигаментите мораше да направи операција, а рехабилитацијата траеше долго време.

Манасков вечерва не само што се најде на списокот на унгарскиот тим, туку и влезе во игра на стартот на второто полувреме против Алборг во рамките на четвртфиналето во Лигата на шампиони. Првиот гол во кам-бекот го постигна за 21-18 во 37 минута, откако претходно не успеа да реализира.

Овој погодок беше важен за македонскиот репрезентативец за враќање на самодовербата. Манасков е важен играч за националниот дрес, веруваме дека одново ќе ги полни мрежите.

ПретходноЈетон Беќири го врати тимот на Билис во елитата на Албанија!
СледноФ4 во Келн е реалност: Веспрем и Манасков му одржаа лекција на Алборг