Мемфис без Џа Морант го победија Голден Стејт, Милвоки доминираше во Бостон (ВИДЕО)

88

Кошаркарите на Мемфис на својот терен го совладаа Голден Стејт со 134:95 и со тоа успеаја да намалат на 3:2 во полуфиналната серија од Западната конференција. Дезмонд Бејн, Џерен Џексон Јуниор и Тајс Џонс постигнаа по 21 поен кај домашниот тим и беа лидери во исклучително важната победа во меч во кој повторно не настапи најдобриот кошаркар на Гризлис, Џа Морант поради повреда на коленото.

Клеј Томпсон постигна 19 поени беше најефикасен за Голден Стејт.

Милвоки на гости го победи Бостон со 110:107, со што актуелните шампиони поведоа со 3:2 во полуфиналната серија на Истокот. „Дабл-дабл“ учинок од 40 поени и 11 скока кај гостите оствари Адетокунбо, а Џру Холидеј постигна 24 поени со по осум асистенции и скока.

Џејсон Тејтум постигна 34 поени во поразениот тим, со шест скока и четири асистенции. Шестиот натпревар се игра во Милвоки во ноќта меѓу петок и сабота.

ПретходноПо 11 години, Јувентус за првпат завршува сезона без освоен пехар
СледноМанчестер Ј. во напад: Подготви 84 милиони евра за Осимен