Тухел остана без Ковачиќ за финалето на ФА Купот

110

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел потврди дека повредата на играчот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ ќе го спречи да настапи на финалниот меч од ФА Купот овој викенд.

Тренерот на „сините“по мечот од Премиер лигата против Лидс (3-0), на кој Хрватот беше заменет во 30 минута, истакна дека повредата е посериозна.

„Можноста за опоравување на Ковачиќ за финалето на ФА Купот е неверојатна. Со оваа повреда играше во финалето на Лига купот и во полуфиналето на ФА Купот. Денеска се обиде да остане на теренот, но не можеше да продолжи поради отечен скочен зглоб и силни болки. Треба да ги почекаме резултатите од прегледот, но во моментов тешко дека ќе го имам за финалето со Ливерпул. Тоа е многу лоша вест за нас“, рече Тухел.

ПретходноКиелини најави заминување: Направив се што можев, сега се на ред младите
СледноХрватот Клафуриќ седнува на клупата на Шкендија!?