Јетон Беќири го врати тимот на Билис во елитата на Албанија!

907

Нашиот стратег Јетон Беќири уште еднаш го искажа својот тренерски квалитет. Минатото лето го презеде албанскиот тим на Билис и уште во првата сезона без никакви проблеми го врати во елитата, клубот на кој некогаш тренер му беше Никола Илиевски – Џиџи а три години таму настапуваше актуелниот репрезентативец Кире Ристевски.

Беќири уште еднаш покажа дека е специјалист за внесување на екипи од Втора во Прва лига. Така беше со Дрита Боговиње, така беше и со Струга Трим Лум. Да не заборавиме дека Беќири во минатото беше тренер и Ренова и на Шкендија. Иако има само 39 години тој сепак има богата тренерска кариера.

Сезонава во Втората лига на Албанија неговиот Билис просто се прошета низ лигата. На четири кола до крајот го внесе тимот во елитата, а на две кола до завршување на сезоната го освои и пехарот за прво место во таа конкуренција.

Имавме успешна сезона. Кога минатото лето ме повикаа да одам во Билис, иако тогаш стануваше збор за второлигаш, кај мене немаше скепса. Овој клуб е познат во Албанија, таму играле и биле тренери и наши луѓе. Знаев кај одам. Со макотрпна работа стигнавме до целта, сега клубот се подготвува за настап следната сезона во елитата“ вели за “Спортмедиа“ стратегот Јетон Беќири.

No description available.

Со оглед на успехот кој му го донесе на клубот, секако дека раководството на Билис сака по секоја цена Беќири да остане и во наредниот период. Сепак договорот му е истечен, а нашиот стратег има има неколку понуди.

Реков дека минав убава една сезона во Билис и секако дека би сакал да го водам тимот во елитната лига наредната сезона. Од клубот инсистираат што побргу да се договориме, но има и други понуди, има контакти и со клубови од кај нас, од некои прволигаши, има интерес и од клубови од Косово. Ќе видиме како ќе се развиваат настаните во наредните денови“ изјави Јетон Беќири.

ПретходноДавид Дејвис: Не е важен противникот во финалето, важно е да го освоиме Куп трофејот!
СледноМанасков со гол го круниса кам-бекот на терените (ВИДЕО)