Билд: Левандовски го известил Баерн за неговата конечна одлука!

241

Се чини заврши сагата околу Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен и еден од најдобрите фудбалери во моментов. Како што јавува “Билд“ вечерва, Полјакот го известил Баерн дека донел конечна одлука за неговата кариера. А таа е дека тој има намера во јуни да се пресели во Барселона, и дека сега останува само двата клуба да се договорат околу отштетата, ако се знае на Лева договорот со “баварците“ му истекува наредното лето.

Ова значи дека Барса и Чави ќе добијат мега – засилување во нападот.

ПретходноФ4 во Келн е реалност: Веспрем и Манасков му одржаа лекција на Алборг
СледноНова добра партија на Кузмановски, Хановер им се врати на победите!