Гостиварци без проблеми до триумф кај Феникс 2010

121

Вечерва во меч од 7.коло во нашата кошаркарска Суперлига, тимот на Гостивар како гостин со 60-73(16-19, 17:29, 11:14,16-11) успеа да го совлада составот на Феникс 2010.

Гостиварци во текот на целиот меч доминираа, имаа водство уште по првата четвртина, па така од минута во минута ја зголемуваа разлика, без разлика што Феникс 2010 се обидуваше нешто да стори. И кога веќе се беше готово, домашните дури во последната четвртина ја намалија разликата, а истата ја добија и во своја корист.

Што се однесува со кошгетерите, најдобар кај победничкиот состав беше Ефремовски со 15 поени, додека кај поразениот состав Митревски дојде до 22 поени, а Михајлоски до 21.

Со оваа победа тимот на Гостивар ги задржува добрите шанси за пласман во плеј – офот, имено сега овој тим е трет на табелата, веднаш по МЗТ Скопје и Пелистер.

ПретходноЈокиќ одговори на прашањето кое најмногу ја интригира српската кошаркарска јавност
СледноСтоле и Рајо “торпедирани“ од силниот Вилјареал! (ВИДЕО)