Вардар утре го игра полуфиналниот меч од Купот на Македонија против Еурофарм Пелистер 2. Средбата се игра во Кавадарци во 17 часот. Тренерот Давид Дејвис вели дека сака да игра во финалето, не е важно против кого, а потоа ќе мисли за противникот.
„Имаме ист притисок како и во натпреварите во лигата. Вардар секогаш победувал и играл на победа. Ние го сакаме и трофејот од Kупот, подготвени сме. Одбрана секој ден играме добро, и тренираме напорно. Купот е друго натпреварување, нема поправен. Има само еден натпревар и треба да се биде максимално спремен, вели Давид Дејвис.
Вториот тим од Битола веќе е добро познат противник, шпанскиот стратег верува во силите на своите момци, но предупредува дека ова е еден меч и не треба да се потцени никого, мора триумфот да се заслужи.
Вардар има 14 Куп титули досега освоени, вклучувајќи ја и ланската.