Де Јонг е со една нога на „Олд Трафорд“

199

Френки Де Јонг многу веројатно ќе биде првото засилување за тимот на Манчестер Јунајтед во ерата на Ерик Тен Хаг. Новиот менаџер на Јунајтед  секако дека ќе сака да доведе засилувања по свои вкус, а прв пик е во моментов играчот на Барселона, со кого имаше одлична соработка додека обајцата беа дел од Ајакс.

Де Јонг не е она што требаше да биде на Ноу Камп, а платен е сериозно, па Барселона сега сака да врати нешто од таа сума во неговиот трансфер на Олд Трафорд, кој според медиумите во Шпанија ќе биде вреден околу 80 милиони.

Де Јонг во Барса заработува 11 милиони по сезона, а на Ноу Камп веќе ја доведоа и замената за него од Валенсија, во името на Карлос Солер.

 

ПретходноНБА ќе доделува награди „Меџик Џонсон“ и „Лери Бирд“
СледноРоналдо ги воодушеви јуниорите на Јунајтед кои играа пред 67.000 навивачи!