Дибиров и Вардар ја продолжија љубовта на уште една година

104

Тимур Дибиров не си заминува од Вардар. Барем не во следниот период. И покрај најавите дека искусното крило ги одигра последните мечеви за клубот, и по долги години минати во Вардар конечно си заминува, сепак, денешната информација го вели токмун спротивното.

РК Вардар денеска објави дека е потпишана нова соработка со Дибиров, со која тој се обврзува да го носи „црвено – црниот“ дрес до јуни 2023 година, поконкретно уште една сезона. Со ова се става крај на сите шпекулации, кои велеа дека Вардар ќе мора да бара решение за заминувањето на искусниот играч.

ПретходноПеп: Халанд нема да има никаков притисок за голови
СледноКупот во Кавадарци во живо за 150 денари