За Дибиров, Вардар е единствен: Не можам да се замислам во друг дрес и клуб

143

Тимур Дибиров сепак го одбра „црвено-црниот“ дрес и покрај најавите дека од следната сезона ќе ја менува средината. Рускиот интернационалец кој во изминатиот период беше еден од главните мотори и мотиватори кога и во клубот не цветаа рози, ја промени одлуката, засега Вардар останува единствен за него.

Тој останува уште една година, секако со можност за продолжување на соработката. По објавувањето на информацијата, тој излезе и со кратка изјава, со кога дополнително ги плени симпатиите од страна на навивачите.

„Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега“, изјави Тимур Дибиров.

Дибиров и неговите соиграчи утре ја почнуваат битката за нова Куп титула, а во истата ќе влезат како бранители. Противник на „црвено-црните“ е Е.Пелистер 2, дуелот се игра во 17 часот во салата „Јасмин“, годинешниот домаќин на ова натпреварување.

ПретходноУкраинците сепак ќе дојдат во Скопје, во Рига ќе бидат домаќини!
СледноЌе биде интересно ова лето: Тен Хаг се соочува со првиот ултиматум