Како гром од ведро небо: Сузуки утрово најави дека го напушта Мото ГП

245

Сузуки утрово објави соопштение во кое јасно става до знаење дека сака да го напушти Мото ГП. Јапонската компанија предупредува дека разговара со организаторот на Светското првенство во мотоциклизам да се откаже од првенството по завршувањето на оваа сезона. Доколку се оствари оваа ненадејна одлука, конструкторот би ги оставил Алекс Ринс и Жоан Мир без тим.

„Сузуки Мотор Корпорејшн е во преговори со Дорна за можноста да го прекине своето учество во Мото ГП на крајот на 2022 година“, се вели во соопштението.

„За жал, сегашната економска ситуација и потребата да ги фокусира своите напори на големите промени во автомобилскиот свет со кои се соочува во последните години, го принудуваат Сузуки да ги префрли трошоците и човечките ресурси кон развивање на нови технологии“, дополуваат од таму.

ПретходноДОГОВОРЕНО: Одбојкарите на 18 и 19 мај ќе „тестираат“ против Албанија
СледноАјакс си најде тренер: Замената за Тен Хаг доаѓа од Бриж