Киелини најави заминување: Направив се што можев, сега се на ред младите

107

Легендата на италијански Јувентус, Џорџо Киелини го најави своето заминување од Јувентус.

„Последните 10 години беа одлични, а сега момците треба да го продолжат она што го започнаа. Направив се што можев и се надевам дека ќе оставам нешто зад себе. Во понеделник ќе се збогувам со мојот стадион, а потоа, ако имам уште сили, ќе можам последен пат да настапам во Фиренца. Ова е сто проценти мој избор, драго ми е што си заминувам, на толку високо ниво. Долги години кажувам дека не сакам да завршам кога веќе нема да можам да играм на исто ниво. Дадов се од себе и наскоро ќе бидам најпосветениот навивач на Јувентус. По толку години во клубот, не можете туку така да се ослободите од чувствата“, изјави Киелини.

ПретходноМВП наградата ја прими во штала, плачешe, па отиде на хармоника (ВИДЕО)
СледноТухел остана без Ковачиќ за финалето на ФА Купот