Откако успешно се опорави од повредата на коленото, Дејан Манасков, конечно се враќа на терените. По осуммесечна пауза, тој денеска е во составот на својот тим Веспрем за дуелот против тимот на Алборг, во рамките од првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
Манасков летово ќе менува клуб, и нема повеќе да биде дел од Веспрем, но каде ќе замине остануав да видиме. Тој неделава ги демантираше написите дека заминува во Динамо Букурешт, иако романските медиуми речиси и да го претставија во дресот на овој клуб.