Манчестер Ј. во напад: Подготви 84 милиони евра за Осимен

182

Манчестер Јунајтед од сенка по се иззгледа ќе ја добие битката со Арсенал и Њукасл за потписот на голгетерот на Наполи, Виктор Осимен. 23-годишниот напаѓач на Наполи имаше добра сезона, постигнувајќи 16 гола на 28 натпревари, што предизвика интерес од неколку клубови од Премиер лигата.

Вчера италијанските медиуми објавија дека Њукасл прв испратил понуда до Наполи за Осимен, но истата била веднаш одбиена. Се зборува дека „црвените ѓаволи“ имаат прва понуда од 84 милиони, која може да го натера Наполи да му даде предност на англискиот великан во битката за потписот на Нигериецот. Наполи наводно бара 100 милиони за Осимен, но останува да се види дали оваа сума ќе успее да ја добие.

ПретходноМемфис без Џа Морант го победија Голден Стејт, Милвоки доминираше во Бостон (ВИДЕО)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Јокиќ и втора година по ред е МВП во НБА лигата (ВИДЕО)