Нова добра партија на Кузмановски, Хановер им се врати на победите!

100

Хановер им се врати на победите по убедливиот пораз од Фленсбург во минатото коло. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски на домашен терен го совлада Балинген со (16-13) во рамките на 30 коло во Бундес-лигата.

Кузмановски и неговите соиграчи беа подобар противник речиси во текот на целиот меч, на одморот имаа предност од (16-13). Балинген успеа да израмни во вториот дел, но Хановер со серија од четири гола во низа, во која учесвуваше и Кузмановски дојде на 29-25 и го отвори патот кон нови бодови. Македонскиот репрезентативец беше стрелец на три гола од четири обиди.

Филип Миркуловски и Вецлар на домашен терен беа изненадувачки поразени од Ерланген со 26-30.

ПретходноБилд: Левандовски го известил Баерн за неговата конечна одлука!
СледноУслуга од Тафталиџе за Аеродром: ТФТ го урна Пелистер и го лансираше МЗТ Скопје сам на врвот!