Одбрани најдобрите во Евролигата

115

Откако заврши гласањето, денеска беа одбрани најдобрите петмина кошаркари кои настапуваа во овогодинешната сезона на Евролигата.

Најдобрата кошаркарска лига на стариот континент, годинава за најдобри ги прогласи, Мајк Џејмс, Никола Миротиќ, Шејн Ларкин, Валтер Таварез, и Саша Везенков.

Ова е најдобрата петорка за сезоната 2021/2022 година во Евролигата. Фајнал фор турнирот од ова натпреварување се игра следнава недела во Белград, а во полуфиналето се среќаваат Барселона – Реал Мадрид, и Анадолу Ефес – Олимпијакос.

 

ПретходноКонечно добра вест, Манасков во составот на Веспрем
СледноИ ова е офсајд во Америка!? (ВИДЕО)