Пеп: Халанд нема да има никаков притисок за голови

194

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, изјави дека новитетот во неговиот тим, Ерлинг Халанд нема да има никаков притисок околу постигнувањето на голови во дресот на клубот.

„Мислам дека ова е сјаен потез на управата на клубот за иднината. Добивме сјаен напаѓач. Тој со сигурност ќе го носи дресот на Сити со години.Ја сакам оваа работа, а кога имаш можност да работиш со таков играч, ја сакаш уште повеќе. Добрите играчи создаваат и добри менаџери“ – изјави Пеп, па додаде.

„Нема да има никаков притисок околу постигнувањето на головите. Одбраната не зависи само од стоперите, истото важи и за напаѓачите. Важно е да победуаме како тим, и секој да име придонес во тоа. Халанд со сигурност ни носи огромен квалитет“ – изјави Пеп.

 

ПретходноБританија има нова забава: Сопругата на Руни ја седна на обвинителна клупа сопругата на Варди
СледноДибиров и Вардар ја продолжија љубовта на уште една година