И официјално Леванте во следната сезона ќе игра во Сегунда, во Втората лига по ранг во Шпанија. Вечерва на „Бернабеу“ Реал Мадрид уште еднаш одигра “КРАЛСКИ“, уште еднаш одигра шампионски и со 6:0 успеа да го победи Леванте.
На овој меч настапи и нашиот репрезентативец Енис Барди.
Дека црно му се пишува на Леванте се виде уште на стартот од мечот кога Менди во 13.минута срелаше за 1:0. Веќе во 19.минута Реал водеше со 2:0 и тоа со голот на неверојатниот Бензема. Во 34.минута Родриго го зголеми водството на 3:0, но тоа не беше се во првото полувреме. Имено Винициус во 44.минута ја погоди мрежата на гостите за 4:0, со овој резултат се замина на пауза.
Во вториот дел Леванте во неколку наврати можеше опасно да го загрози голот на “кралевите“, Барди имаше и асистенција, но Моралес не успеа да го погоди голот.
Затоа Винициус во 68.минута стрелаше за 5:0, во 83.минута уште еден гол за Бразилецот, доволно за хет – трик.
Бензема со својот гол успеа да достигне легендарниот Раул во поглед на головите. Сега и двајцата имаат по 323 голови и го делат второто место во историјата на Реал за играчи со најмногу голови.
На прво место и натаму е Роналдо со неверојатни 450 голови.
Треба да се каже дека Модриќ имаше три асистенции во едно полувреме.