Судии за ПМФЛ и ВМФЛ: Иванов ќе суди на Чаир, Пилешков “главен“ на Силекс – Воска…

1782

 

Претстојниот викенд и официјално завршува сезоната во ПМФЛ и двете ВМФЛ во Македонија. Одредени се судиите за сите три лиги. Игор Иванов од Велес ќе ја има таа чест да го суди дербито меѓу Шкупи и А. Пандев, меѓу првиот и вториот на табелата, во меч кој на Шкупи ќе му се доделува и шампионскиот пехар.

Секако дека најважен меч овој викенд ќе биде оној во Кратово, во ВМФЛ – ЗАПАД, каде играат Силекс и Воска, а кој го засега и тоа како и Вардар. Ова дерби ќе биде судено од Димитар Пилешков од Штип.

 

Судии за 33.коло во ПМФЛ (недела 17 ч)

Работнички – Пелистер: Александар Грујоски (Кичево)

Борец – Ренова: Марјан Младеновски (Скопје)

Скопје – Брегалница: Фуркан Идризи (Тетово)

Тиквеш –Македонија ЃП: Александар Ставрев (Скопје)

Струга ТЛ – Шкендија: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)

Шкупи – А.Пандев: Игор Иванов (Велес)

 

Суди за 27.коло во ВМФЛ – ЗАПАД (сабота 17 ч)

Беса – Кадино: Боби Величков (Велес)

Велешта – Гостивар: Доне Ристовски (Гевгелија)

Охрид – Тетекс: Кирил Смоковски (Прилеп)

Кораби – Вардар: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Силекс – Воска: Димитар Пилешков (Штип)

 

Судии за 27.коло во ВМФЛ – ИСТОК (сабота 17 ч)

Пехчево – ТИМ Локомотива: Дарко Котевски (Битола)

Братство – Осогово: Марјан Ецкоски (Охрид)

Детонит – Саса: Кристијан Ѓуровски (Скопје)

Кожув – Беласица: Фатмир Бафто (Охрид)

Слога (В) – Победа: Константин – Влахо (Скопје)

ПретходноСпортмедиа дознава: Пандев уште една година во Парма
СледноКонечно добра вест, Манасков во составот на Веспрем