Услуга од Тафталиџе за Аеродром: ТФТ го урна Пелистер и го лансираше МЗТ Скопје сам на врвот!

192

ТФТ му направи услуга на МЗТ Скопје. Тимот од Тафталиџе на домашен терен го совлада Пелистер со 89-78 и му направи услуга на актуелниот првак. По долго време битолчани целосно го загубија лидерското место, сега истото од вечерва им припаѓа на избраниците на Александар Петровиќ. По овој меч од седмото коло, МЗТ Скопје има 54 бода, додека Пелистер еден помалку.

Бодовите за ТФТ пак значат продолжување на битката за влез во плеј-офот, кој носи чекор поблиску до титулата.

Овој дуел, актуелниот освојувач на Купот на Македонија го доби благодарение на добрата игра во второто полувреме. По 43-45 на одморот, домашниот тим заигра многу подобро во третиот период го доби со 26-17, во последните десет минути влезе со предност од 68-62. Не само што знаеше да ја сочува, туку и истата пред самиот финиш беше двоцифрена 89-74.

Хортон беше главниот играч на теренот со 25 поени, 20 коша запиша Смит. На другата страна Малешевиќ и Кесар беа стандардни со вкупно 51 поен, но и осамени.

ПретходноНова добра партија на Кузмановски, Хановер им се врати на победите!
СледноЈокиќ одговори на прашањето кое најмногу ја интригира српската кошаркарска јавност