У-14 и У-15: Младите репрезентации на Македонија со порази од Словенија и БиХ

460

Репрезентацијата на Македонија до 14 години забележа пораз од соодветната селекција на Словенија во рамките на вториот контролен меч одигран помеѓу овие две селекции.

На стадионот во Умаг, Хрватска, избраниците на селекторот Раде Каранфилоски и покрај добрата игра и создадените шанси, беа поразени со 3:1.

Македонија одигра одлично прво полувреме, отворена игра и неколку пропуштени шанси за гол. Најдобрата прилика ја имавме во 24. минута преку Талески кој испрати одличен шут, но немаше среќа да погоди. Противникот не успеа посериозно да се закани по нашиот гол.

Во продолжението, Словенија поведе со 1:0 во 49. минута од средбата. По три минути, противникот успеа да постигне уште еден погодок. Во 72. минута 3:0 за Словенија. Зумбери по одличниот удар со глава во 75. минута успеа да го намали резултатот и да ги постави конечните 3:1.

МАКЕДОНИЈА: Лорен Жаку, Ристе Стоилов, Матео Кесиќ, Флори Илази, Давид Ангелевски, Павел Грбевски, Благојче Аговски, Данило Делев, Габриел Талески,Гоце Петрески, Алек Сиваков;

Селектор: Раде Каранфилоски;

Младата репрезентација на Македонија до 15 години беше поразена од селекцијата на Босна и Херцеговина со 3:0 во рамките на натпреварот од групата Б од меѓународниот турнир „Влатко Марковиќ” што се одржува во Хрватска.

Босна и Херцеговина рано уште во 12. минута поведе со 1:0. Стрелец на погодокот беше Енсар Мусиќ. Во продолжението од првиот дел избраниците на селекторот Дашмир Беар се обидоа да се вратат во игра, но не успеаа да искористат неколку ситуации за постигнување на погодок.

Во вториот дуел, противникот успеа да постигне уште два гола. Јусуф Терзиќ биеше во 50. минута за предност од 2:0. Андреј Мичиќ ги постави конечните 3:0 во 57. минута од мечот.

ПретходноЌе биде интересно ова лето: Тен Хаг се соочува со првиот ултиматум
СледноСити со посебна клаузула во договорот на Халанд која ќе стапи во сила во 2025 година!