Ф4 во Келн е реалност: Веспрем и Манасков му одржаа лекција на Алборг

260

Уште еден неверојатно добар натпревар се одигра во рамките на првите средби од 1/4 финалето во Лигата на шампиони. Во преполната Веспрем Арена, унгарскиот тим славеше против Алборг со убедливи 36-29, позитива која треба да биде доволна за место на Ф4 во Келн. Победата на избраниците на Момир Илиќ е сосема заслужена одиграа одличен меч, во кој ја имаа доминацијата.

До 20. минута беше изедначено (7-7), по што Веспрем го наметна своето темпо. Со серија од 4-0 поведе со 11-7, Алборг се врати дојде на минус еден 11-10, но домаќинот успеа да одржи минимална предност на одморот од 17-16.

Алборг не успеа да искористи предност од играч повеќе по одморот и да дојде до изедначување, па и да поведе. Омар постигна важен погодок за 20-17 во 35 минута.

Манасков влезе во второто полувреме, заигра после долго време по операцијата на коленото.  Првиот гол во кам-бекот го постигна за 21-18 во 37 минута, откако претходно не успеа да реализира. Овој погодок беше важен за македонскиот репрезентативец за враќање на самодовербата.

Веспрем на крилата на Коралес, во едно лудо темпо и за кратко бреме успеа да дојде на 24-18 во 44 минута, пропушти шанса да поведе со плус седум. Па серијата од 3-0 на кратко беше прекината.

Позитивата одржуваше предност од пет до шест гола. Во 53. минута гостите дојдоа на минус четири (31-27). Маргуч, Омар и Лауге зголемија на 34-27 на нецели две минути до крајот. Немаше време за кам-бек, Веспрем ќе брани позитива од седум гола на реваншот.

Манасков остана на еден гол  од два обиди, Коралес имаше осум одбрани. Маргуч мечот го заврши со седум гола, Омар постигна шест погодоци, но се повреди пред самиот крај. На другата страна Јул Ласен запиша шест гола.

ПретходноМанасков со гол го круниса кам-бекот на терените (ВИДЕО)
СледноБилд: Левандовски го известил Баерн за неговата конечна одлука!