Хрватот Клафуриќ седнува на клупата на Шкендија!?

2320

 

Како што неофицијално дознава „Спортмедиа“, Шкендија следната недела по завршување на сезоната би требало да добие нов стратег и тоа во името на Деан Клафуриќ (49). Станува збор за Хрват,кој во дел од својата кариера бил стратег и на славната Легија Варшава. Бил и селектор на женската репрезентација на Хрватска, а работел и во Динамо Загреб како помошник, потоа во Горица, Хрватски Драговољац, Етникос Ахна, Славен Белупо.

Клафуриќ, како што велат нашите информации престојувал во Тетово,имал разговори со раководството на клубот,останува само уште да се прецизираат деталите.

Во случај со Клафуриќ да нема договор, тогаш еден од кандидатите бил и Исмет Муниши, тренер од Косово. Се разбира дека не се исклучува докрај можноста и некој наш тренер да се седне на клупата на екс –шампионот,но Клафуриќ бил прв пик на Шкендија.

Да потсетиме дека сезоната на клупата на Шкендија ја започна Бруно Акраповиќ, но пред два месеци и тоа поради лошите резултати тој беше сменет, а Артим Шаќири кој е спортски директор на тетовци, како В.Д. тренер го предводи тимот до недела кога завршува сезоната во ПМФЛ.

ПретходноТухел остана без Ковачиќ за финалето на ФА Купот
СледноДОГОВОРЕНО: Одбојкарите на 18 и 19 мај ќе „тестираат“ против Албанија