Ерик тен Хаг од следната сезона ќе го води тимот на Манчестер Јунајтед. Холандскиот стручњак веќе на хартија ги запишува своите замисли, како и играчите кои сака да останат на „Олд Трафорд“.
Ерик тен Хаг од следната сезона ќе го води тимот на Манчестер Јунајтед. Холандскиот стручњак веќе на хартија ги запишува своите замисли, како и играчите кои сака да останат на „Олд Трафорд“.
Засега останува неизвесна судбината на Маркус Рашфорд, кој во следните денови ќе седне да разговара со новиот стратег. Тој сака поголема минутажа, во спротивно ќе го напушти тимот.
И претходно имаше најави за негово заминување, а најголем интерес за неговите услуги покажаа Вест Хем и Евертон.
Ќе видиме ова лето каква ќе биде конечната одлука, дали навистина ќе си оди, и каков ќе биде списокот на Тег Хаг. Засега за новите имиња нема потврда, во јавноста има само шпекулации.
Рашфорд оваа сезона одигра 32 меча во сите натпреварувања, постигна пет гола и запиша две асистенции.