Ајакс си најде тренер: Замената за Тен Хаг доаѓа од Бриж

167

Холандскиот гигант Ајакс наскоро ќе го објави името на својот нов тренер. Актуелниот тренер Ерик Тен Хаг заминува на клупата на Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната, а според холандските медиуми клупата во Амстердам ќе му биде доверена на 49-годишниот Алфред Шредер, кој моментално е на чело на белгиски Бриж.

Преговорите со него се во завршна фаза и се чека неговото официјално именување. Шредер е добро познато име во Холандија, бидејќи го водеше тимот на Твенте и работеше со Хофенхајм во Германија.

ПретходноКако гром од ведро небо: Сузуки утрово најави дека го напушта Мото ГП
СледноБританија има нова забава: Сопругата на Руни ја седна на обвинителна клупа сопругата на Варди