Нема дилеми. Новак Ѓоковиќ е во одлична форма во пресрет на Ролан Гарос. Имено Србинот денеска со 2:0 во сетови и со 6:2 и 6:2 во гемови, просто го “збриша“ Швајцарецот Стан Вавринка и се пласира во 1/4 финалето на мастерсот во Рим. Овој меч траеше само еден час и 16 минути, а Новак не му дозволи никаква шанса на Вавринка, некогаш еден од најдобрите тенисери во светот.
Во следната фаза на турнирот во Рим, Ѓоковиќ за ривал го има Канаѓанецот Оже – Алиасим. Во 1/4 финалето покрај овие двајца тенисери се уште и Зверев, Циципас, Синер, Гарин. Рафа Надал својот меч ќе го игра вечерва и тоа против Шаповалов.