По синоќешниот пораз во финалето на Купот на Италија, Јувентус остана без шанса за освојување трофеј оваа сезона. Со тоа практично, Јувентус ќе остане без трофеј за првпат по сезоната 2010/2011.
Претходно, тимот од Торино беше елиминиран и во Лигата на шампионите во 1/8-финалната фаза од шпански Виљареал (1:1, 0:3), а беше поразен и во мечот за италијанскиот Суперкуп исто како и вчера од екипата на Интер (1:2).
Од поодамна „Старата Дама“ ги загуби шансите и во трката за Скудетото.