Спортмедиа дознава: Пандев уште една година во Парма

323

Не, нема Горан Пандев да се пензионира по завршувањето на оваа актуелна сезона во Серија Б, туку ќе одигра уште една година во дресот на Парма. Ова го дознава Спортмедиа по серијата шпекулации дали нашиот најдобар фудбалер ќе каже конечно крај овој јуни или пак ќе одигра уште една сезона.

Најверојатно Горан Пандев уште една година ќе биде активен, на негови полни 38. години. Сезонава тој за Парма одигра десетина мечеви, откако на полусезоната, премина од Џенова во таборот на „Млекарите“. Тој и Џиџи Буфон решија пролетва да му помогнат на тимот да се избори за што подобар пласман, а очигледно дека Гранде не планира да каже „доста е“ ниту следната година.

Годинава успеаа со Парма да обезбедат опстанок во Серија Б, а веројатно за следната сезона клубот има далеку поголеми амбиции, односно евентуално враќање во Серија А. За тоа се потребни и младост но и искуство, а Пандев го има целото искуство на светот кога станува збор за фудбалот во Италија.

 

ПретходноКупот во Кавадарци во живо за 150 денари
СледноСудии за ПМФЛ и ВМФЛ: Иванов ќе суди на Чаир, Пилешков “главен“ на Силекс – Воска…