Маурицио Покетино се потврди дека не е стратег за ПСЖ. Аргентинецот едноставно не може да се снајде покрај толку мега – ѕвезди во тимот на “светците“. Титулата во Лига 1 не се смета, таму ПСЖ едноставно и без тренер би ја освоил.
Целта на „светците“ беше ЛШ, а до таму Покетино не успеа да ги однесе.
Веќе неколку месеци се шпекулира дека ПСЖ ќе му врачи отказ, но тоа никако да се случи. Јасно е дека парите на пребогатите Арапи се најмал проблем, но дали е баш така.
Имено најновите информации од Франција велат дека ако ПСЖ му врачи отказ на Покетино, тогаш во вид на отштета ќе мора да му исплати неверојатни 15 милиони евра.