Викендов завршува сезоната во мак – фудбалот. Има остана само уште некои дилеми да се расчистат, а тоа е кој ќе биде втор во двете втори лиги. На западот Воска или Вардар, а на истокот Беласица или Слога Виница.
Тие што на крајот ќе бидат втори во двете втори лиги, ќе играат баражи за пласман во ПМФЛ со Тиквеш или Скопје. Како што дознаваме ждрепката ќе се одржи во вторник во просторите на ФФМ и истата нема да биде диригирана. Имено може да се падне „прволигаш“ како Тиквеш или Скопје со вториот од западот или истокот без разлика каде овие два тима гравитираат.
Инаку бараж натпреварите се закажани за 22 мај (недела), а за тоа каде ќе се играат дополнително ќе се одреди.