Халилхоџиќ попушти: Мазрауи се врати во репрезентацијата на Мароко, на ред е и Зијеш! (ВИДЕО)

466

Толку од цврстото “НЕ“ на Ваха, на популарниот Вахид Халилхоџиќ, селекторот на Мароко кој упорно одолеваше на притисоците од сите страни да ги врати во репрезентацијата двете најголеми ѕвезди на фудбалот во Мароко. Тоа се Нусаир Мазрауи и Хаким Зијеш. И двајцата поради недисциплина беа отстранети од репрезентацијата и популарниот Балканец нејќеше да чуе да ги врати. Сепак со оглед на тоа дека Мароко ќе игра на СП во Катар, мораше да попушти ако сакаше да остане селектор.

Па така досегашниот стопер на Ајакс и нов член на Баерн Минхен Нусаир Мазрауи и дефинитивно се врати во репрезентацијата, барем според пишувањата на медиумите во Мароко и од видеото што може да го видите подолу.

Сега на ред е Зијеш да биде вратен, со нив двајцата Мароко ќе биде осетно засилен на Мундијалот, но каде отиде толку фалениот карактер на Ваха?

Само тој знае…

ПретходноУтре во Кратово ќе се одлучува судбината на Воска Спорт и Вардар!
СледноВардар 1961 завери Куп финале: Талески и Дибиров убиствен тандем за битолчани