И Барселона е еден од оние тимови кои ова лето ќе претрпат играчки промени. Тренерот Чави Хернандез веќе ги известил челниците на каталонскиот гигант околу неговите желби за време на преодниот рок кој доаѓа.

Тој на „Камп Ноу“ сака да го донесе стоперот на Наполи, Калиду Кулибали. Сенегалецот има договор со Наполи до 2023 година, па ова ќе биде шанса за тимот од југот да ја наполни својата каса.
Дефанзивецот има вредност од 45 милиони евра, но Наполи сигурно нема да преговара за помалку од 50 милиони евра.
Проблем за Барселона е фактот дека Кулибали е на радарот на уште неколку тимови, како Баерн и Интер, но и Ливерпул и Челзи.
За месец дена ќе видиме дали Барселона ќе ја исполни желбата на Чави и фановите на клубот.