Серхио Кун Агуеро секако дека е еден од најмаркантните фудбалери кои некогаш го носел дресот на тимот на Манчестер Сити. Неговиот легендарен гол, кој донесе титула ќе остане запаметен засекогаш, а и начинот на кој тој се прости од фудбалот, го прави овој фудбалер буквално бесмртен во мемоарите на овој англиски великан.
Токму на десетгодишнината од тој легендарен погодок на 13 мај 2012 година против тимот на Квинс Парк Ренџерс и победата од 3:2, клубот реши да ја постави неговата статуа, веднаш до оние на Винсент Компани односно Давид Силва.
We are delighted to unveil a permanent statue of Club legend @aguerosergiokun at the Etihad Stadium on the tenth anniversary of 93:20! 💙#ManCity pic.twitter.com/NUoyPyAMBm
— Manchester City (@ManCity) May 13, 2022