Синоќа тимот на Арсенал доживеа дебакл на гостувањето кај Тотенхем од 3:0, и тоа тоа битката на табелата помеѓу овие два тима дополнително се искомплицира.
Спарси со оваа победа имаат 65. бода еден помалку од Арсенал кој се наоѓа на позицијата која води во Лигата на Шампионите.
„Не можам да ви дадам искрена оценка за овој меч затоа што би ме суспендирале на подолг период, на шест месеци. Сакам да сум искрен, а во моментов тоа не можам да бидам. Горд сум на моите момци. Овој меч е завршен, загубивме и тоа е тоа.Сега се вртиме кон оној со Њукасл. Не знам како да искоментирам поинаку. Одлуката е донесена, ако кажам што навистина мислам, тоа нема да е добро за мене. Но говорот на моето тело се кажува“ – изјави Артета по повод судењето на синоќешниот меч, досудениот пенал и исклучувањето на Холдинг.