Ракометарите на Нат се први финалисти во Купот на Франција. Вечерва во полуфиналето против Шартре, тимот на нашиот најдобар ракометар и селектор Кире Лазаров, славеше со 33:30 и си го обезбеди местото во големото финале, каде за противник ќе го чека подобриот од дуелот меѓу ПСЖ и Тулуз.
Во отсуство на Лазаров најдобар поединец кај Нант беше Мине со 5 погодоци, а добра партија одиграа и Дамартин со 4 и Пехмалбек со 3 гола.