Денеска стартува битката за пехарот во Купот на Македонија. Во центарот на вниманието ќе биде Кавадарци, во салата „Јасмин“ на програмата се два дуели во рамките на полуфиналето. Бранител на титулата е Вардар 1961, кој ќе игра против Е.Пелистер 2, дуелот е закажан со почеток во 17 часот.
Тимур Дибиров еден од главните лидери во составот на „црвено-црните“, овој Ф4 турнир во Купот на Македонија ќе биде можност да го игра осмото финалето и да се бори за седмата титула.
„Купот секогаш е посебна приказна, можни е да се случи се. Да заборавиме се што било претходно и што треба да се случи во иднина. Да бидеме сконцентрирани само на овој викенд, да дадеме 100%. Нема разлика против кого играме и ќе играме, ние треба да работиме според она што сме го замислиле“, вели Тимур Дибиров.
Е.Пелистер 2 е тимот со кого играа во претходното коло во плеј-офот. Според него и двата клубови немаат многу време да променат многу во играта. Среќен е што Купот се игра во Кавадарци, бидејќи овој град ќе може да гледа убав ракомет со квалитетни имиња.