Така тоа го прави најголемиот клуб во светот, а тоа секако дека е Реал Мадрид. Веќе две години светот се “занимава“ со тоа дали Килијан Мбапе и кога ќе дојде на „Бернабеу“, милијарди и милијарди текстови се напишани од светските медиуми за тоа. И секако во преден план се “кралевите“. Тоа ти се вика маркетинг.
Инаку се чини, и покрај понудата од ПСЖ која се граничи со лудило, Мбапе ова лето веројатно доаѓа во Реал Мадрид.
Се разбира за тоа, дали е така, знаат само Мбапе и Флорентино Перез, но има еден сигнал дека се е е готово.
А тоа е дека „кралевите“ порачале да се изработат 20.000 дресови со името на Мбапе, и тие веќе се изработени. Исто така од Мадрид не кријат дека е подготвена и спектакуларна промоција.
Се чека уште на официјализирање на најочекуваниот трансфер во историјата на фудбалот.