Донарума им поставил ултиматум на челниците на ПСЖ

321

Џанлуиџи Донарума минатото лето во ПСЖ дојде како големо засилување и се чинеше дека ќе биде прв голман на францускиот тим, но тоа не се случи. Откако Кејлор Навас остана во клубот беше јасно дека двајцата ќе се борат за прв чувар на мрежата на „светците“.

Италијанецот оваа сезона не бранеше колку што очекуваше, токму поради ова им испрати јасна порака на челниците на ПСЖ. Им порача дека сака да остане во тимот, но едноставно мора да донесат одлука кога е во прашање меѓу него и Навас.

„Сакам да останам во ПСЖ. Ова беше лесна сезона бидејќи не бранев на пола мечеви и не морав да го давам својот максимум. Конкуренција со Навас следната година? Не, нема да бидете така. Клубот ќе мора да направи избор“, рече Донарума.

23-годишниот голман оваа сезона настапи на 23 меча во сите натпреварувања, додека Навас на 25. Со ПСЖ има договор до 2026 година.

ПретходноРФМ го прифати барање на Вардар и Е.Пелистер за бројот на странски играчи
СледноСтартува битката за Куп трофејот: Вардар 1961 по 15. пехар, Е.Пелистер по спас на сезоната!