Македонија до 15 години со минимална победа над Велс

158

Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над Велс во натпревар од групата Б во рамките на меѓународниот турнир „Влатко Марковиќ” што се одржува во Хрватска.

Избраниците на селекторот Дашмир Беари успеаа да слават минимална победа со 1:0. Лука Макаловски беше стрелец на единствениот погодок на средбата во 20 минута.

Македонија одигра добар натпревар, сосема заслужено успеа да слави минимална победа.

МАКЕДОНИЈА: Онур Бешир, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Даим Кадриовски, Хисар Али, Лука Макалоски, Беркај Шаини, Албион Муслији, Бобан Кузмановски, Каменчно Андоновски;

Селектор: Дашмир Беари;

ПретходноПике донесе одлука кога ќе стави крај на кариерата!
Следно6 милиони денари за една недела од ВИДЕОЛОТАРИЈА за играчите