Македонија следната сезона ќе има тројца преставници во европските купови во одбојка?

240

Дури три македонски одбојкарски состави се заинтересирани за учество во европските купови на ЦЕВ во новата сезона. Според информациите до кои дојде Спортмедиа, екипата на Струмица која и годинава ја освои двојната круна на домашната сцена, е заинтересирана за пријава во квалификацискиот дел од ЦЕВ Лигата на шампионите, најсилното европско клупско натпреварување. Струмичани најавија дека очекуваат од ЦЕВ да го отвори процесот за пријава, за да можат да аплицираат за настап во квалификацискиот дел од Лигата на шампионите, што автоматски ќе значи најмалку 4 европски натпревари во случај и да бидат елиминирани во првата рунда.

Покрај шампионот, желба за европско преставување има и кај двата тетовски ривали, Шкендија и Универзитет во Тетово. Финалистот во домашниот шампионат Шкендија веќе ја контакрирала канцеларијата на ОФМ за да ги добие потребните информации за пријава во Челинџ Купот на ЦЕВ, третото по ранг европско натпреварување.

Интерес за пријава во Челинџ Купот има и кај Универзитет во Тетово, но и тие како и нивните градски ривали ќе почекаат ЦЕВ да го отвори процесот за апликација. Ако се остварат овие најави, по подолго време македонската клупска одбојка со дури три екипи ќе се појави на европската одбојкарска сцена.

ПретходноИграч на Њукасл ќе биде казнет со 100.000 фунти зошто носи “Гучи“ лента на главата!
СледноБез Лазаров, Нант обезбеди финале во францускиот куп