Манасков: После 202 дена конечно можам да кажам – СЕ ВРАТИВ!

242

Дејан Манасков, еден од нашите најдобри ракометари по долгата пауза поради повредата, вчера заигра во дресот на Веспрем и му помогна на својот тим убедливо да го добие Алборг во пресметката во ЛШ, па така Манасков и Веспрем сега се поблиску до Ф4.

Манасков во текот на денот на своите социјални мрежи напиша..

После 202 дена конечно можам да кажам дека СЕ ВРАТИВ. Уживав во првите минути на теренот. Среќен што успеав да му помогнам на тимот во оваа голема победа. Беше тоа долго патување со многу труд и посветеност, но успеавме.
Ви благодарам Марија Лојаница за неверојатната работа што ја завршивте со мене во последните неколку месеци, а исто така благодарам и на моите двајца физиотерапевти Немања Вучиќ и Димитар Маневски што ме лекуваа секој ден“.

May be an image of 5 people

ПретходноДали останува: Барди со порака до фановите на Леванте!
СледноУтре во Кратово ќе се одлучува судбината на Воска Спорт и Вардар!