Двата најдобри тима од оваа сезона ќе водат битка за пехарот и во Купот на Македонија. Полуфиналните пресметки завршија со очекуван епилог, Е.Пелистер и Вардар ги оправдаа улогите на фаворити, па во недела одново ќе ги вкрстат „копјата“ за нов трофеј.
Вардар 1961 ја доби едната битка и тоа во Битола за шампионската титула, останува да видиме кој ќе биде поуспешен во вториот најважен меч оваа сезона. Битолчани посакуваат да го добијат финалето и да ги израдуваат своите навивачи.
„Бутел Скопје е добра екипа, им честитам за борбеноста. Покжавме дека сме поквалитетни, имаше промени во играта, мораа да се пробаат сите играчи, но се вративме со мирни глави.
Во недела не чека голема борба, се надевам дека пехарот ќе го однесеме во Битола“, изјави македонскиот репрезентативец Никола Маркоски.